Wednesday, April 24, 2013

Гитара



Гитарата е музички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така познат како соло класичен инструмент . Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок музиката. Гитарата вообичаено има шест жици , но постојат и гитари со , седум, осум, десет единаесет, дванаесет и осумнаесет жици.   



Иструментите слични на гитарата биле популарни најмалку во последните 5.000 години. Изгледа дека гитарата потекнува од пораните иструменти познати во древна централна Азија како цитара. Инструменти многу слични на гитарата се појавуваат и во антички статуии и цртежи ископани од стариотирански главен град Суза. Модерниот збор, гитара, бил усвоен македонскиот јазик од средновековниот андалузиски арапски Κιθάρα, кој потекнува од пораниот латински cithara, кој пак доаѓа од грчкиот збор китара кој пак потекнува од старо-персискиот збор sithar.








Зборот qitara е арапско име за разни членови на семејството на лејти  кое биле претходник на западната гитара. Името guitarra било воведено во шпанскиот јазик кога таквите инструменти биле донесени на Иберија од Маврите по X век. 



Најраната шест-жичана гитара била направена во 1779 од Гаетано Винасија (1759 - по 1831) во Неапол,Италија. Семејството Винасија е познато по развивањето на мандолината . Оваа гитара била прегледана и не покажува знаци на модификација од друг тип на гитара.

Модерните димензии на класичниот инструмент биле воспоставени од Антонио Торес Хуардо (1817-1892), кој работел во Севиља во 1850-тите. Торес и Луиз Панормо во Лондон (активен 1820-ти до 1840-ти) биле одговорни за демонстрирањето на супериорноста тој изглед на гитарата.

Електричната гитара била патентирана од Џорџ Бошам во 1936. Бошам бил ко-основач на Rickenbache             
кои го користеле магнетот во форма на потковица. Сепак, Danelektro  биле оние кои први произвеле електрични гитари за пошироката јавност. Danelectro исто така биле пионери во технологијата на лампашки засилувачи.  



Електричните гитари може да имаат тврди, полу-шупливи, или шупливи тела, и произведуваат малку звук без засилување. Електро-магнетите  (единечни или двојни навои) ја претвараат вибрацијата на челичните жици во електрични сигнали кои се предаваат на засилувачот преку кабел или радио уред. Звукот е фреквенционално модифициран од страна на други електронски направи или природно разобличување на лампи(вакум цевки) во засилувачот. Електричната гитара се користи најмногу во џезот, блузот и рокенролот, и била комерцијализирана од страна наGibson заедно со Лес Пол и независно од Лео Фендер.




Електричната Бас Гитара е слична во штимањето со традиционалната двојна бас виола. Постојат и хибриди од акустичните и електричните гитари. Исто така постојат и поегзотични варијанти, какодвојно-вратните гитари, сите предмет на различни аранжмани на жиците, вратовите без прагови (користени скоро ексклузивно на бас гитарите, измислени со цел да го емулираат звукот наконтрабасот), 5.1 surround гитара, и слични.






Виолина


Виолината е гудачки инструмент  кој има четири жици, кои се штимаат во интервал на чиста квинта. Жиците, почнувајќи од најдлабоката, се штимаат во висина на следните тонови: ге (g), де1 (d1), а1 (а1), е2 (е2). Виолината е најмалиот инструмент во семејството на гудачки(жичани) инструменти, каде уште спаѓаат и виолата, виолончелото и контрабасот.

Виолината се состои од два главни дела: гудало (лак) и виолина.
Гудало (лак) - должината на гудалото изнесува 74 сантиметри, а тежината варира помеѓу 55 и 65 грама (обично е околу 60 грама). Главните негови делови се: 


Стап - претежно изграден од дрво наречено пернабуко, бидејќи доаѓа од истоимената област во Бразил. Ова дрво е силно и флексибилно во исто време, што е главна карактеристика за правење добро гудало. Прв кој почнал да го користи тоа дрво за оваа намена, бил творецот Тоурте, на крајот од 18. век.
Струни - направени од обработени коњски влакна, прицврстени на двата краја на гудалото (лакот), горниот - врв и долниот - т.н.. жабица. Едно гудало содржи околу 150 коњски влакна. Жабицата се затега со завртка изработена од метал, со чија помош се затегаат и отпуштаат струните. Неопходно е да се спомене и калафониуот, средството за премачкување на струните, за да се оствари подобар контакт помеѓу гудалото и жиците. Калафониумот  се прави од смола.

Виолина - виолината се состои од кутија (резонатор), која го засилува звукот на жиците. Нејзиниот горен дел е од смреково дрво, со исечени отвори во форма на латиничната буква ф, и затоа се викаат f-отвори. Долната страна - дното е направена од јаворово дрво. Страниците на кутијата се составени од шест штички, на чии состави со горната и долната страница, од внатрешната страна, се поставени клинови. Кутијата продолжува со заоблен врат. Помеѓу вратот и главата се наоѓа праг, штичка од тврдо дрво(абонос). Во главата се всадени четири чивии, а главата завршува со полжав. На кутијата се наоѓа мовче (кобилица) - тенка дрвена штичка, чија функција е да го пренесува треперењето на жиците врз кутијата, а нејзината заобленост на горната страна овозможува свирење на секоја жица посебно. На долниот крај на кутијата жиците се прицврстени со т.н. кордар.
 Кордарот со еден јазол што поминува преку долниот праг е прицврстен за едно копче.

Клавир


Клавир (гер. Klavier) или пијано е музички инструмент  со клавијатура  кој произведува звуци со користење на чекани кои удираат на челични жици. Чеканите се обложени со ткаенина и после ударот веднаш се враќаат во позиција за да им дозволат на жиците да вибрираат. Овие вибрации потоа се пренесуваат преку мостот до резонантната даска каде што се зголемуваат по силина. 



Клавирот се користи нашироко низ западна музика за солистички или концертни настапи. Мошне е популарен како алатка за компонирање и вежба.. И покрај тоа што не е преносен ниту пак евтин инструмент, разноличноста и раширеноста го имаат направено еден од најпознатите инструменти.


Зборот „пијано“ е скратена верзија на зборот „пијанофорте“ кој ретко се користи освен во формални прилики. Зборот е по потекло од италијанско име на инструментот, gravicèmbalo col piano e forte (чембало со меки и гласни).
 Ова значи дека клавирот може да произведе ноти со различни гласини во зависност од тоа колку брзо се притиска врз клавишот.